Кои сме ние?
Здраво, јас сум Драгана Цветковска- психолог, семеен и системски психотерапевт и терапевт за сензорна интеграција.
Со тешките/сензорни производи се запознав во времето кога работев вo Центарот за едукација и рехабилитација за деца и млади, на едукација за сензорна интеграција каде што беше потенцирано колку се важни тешките производи за дечињата од аутистичен спектар, АДХД или други сензорни дисфункции.
Решив да започнам со производство на овие ќебиња и перници поради тоа што се тешко достапни кај нас, а се толку потребни и ефективни.
При работата со деца со нетипичен развој, сфатив колку е важно детенцето да биде смирено за да може да изработи одредена задача. Она што може во тој момент да им помогне, да ги сталожи, а притоа фокусира, се тешките елеци и тешките перници за скут. Ќебињата можат да се користат во текот на терапијата во сензорната соба за смирување или стимулирање. Речиси на сите деца им годи тежината и може да помогнат во полесно заспивање и поквалитетен сон.
Тешките ќебиња се голем хит во светот. Се промовираат како лек за несоница, а нивната ефективност ја потврдуваат бројни истражувања. Тоа е причината за да се произведуваат ќебиња и за возрасни.
Тешкото ќебе е 3 до 5 пати потешко од нормалното ќебе, и докажано Ви овозможува подлабок сон и ја намалува Вашата анксиозност: заспивате побрзо и се будите посвежи!
Подобрете го Вашиот, и сонот на Вашите деца!
Хаги Ви нуди неколку вида терапевтски и сензорни помагала како тешки ќебиња, тежок елек и тешки перници за во скут. Тие се истовремено наменети за концентрација и фокус, но истовремено и за релаксирање и подобрување на сонот како кај децата така и кај возрасните.