Производи

Huggy се занимава со производство на неколку вида терапевтски и сензорни помагала како тешки ќебиња, тежок елек и тешки перници за во скут. Тие се наменети од една страна за концентрација и фокус  и од друга за релаксирање и подобрување на сонот како кај децата така и кај возрасната популација.

Понесени и инспирирани од најновите истражувања и сознанија во областа на сензорната интеграција кои се однесуваат на овие конкретни производи и придобивки од нив, решивме да станеме пионери и да направиме многу луѓе среќни. Од како ја истраживме добро оваа проблематика и го тестиравме производот на дечиња со сензорни дисфункции сфатиме дека можат да помогнат и на многу други. Нашата  мисија е да се сфати колку овие двонаменски производи се важни и не само што го олеснуваат секојдневнието туку го прават многу поубаво и релаксирано. Тргнуваме од тоа дека денот започнува убаво ако сме добро наспани. Сонот како една од базичните потреби треба да ни е постојано задоволена за оптимално да функционираме.

Докажано е дека терапевтските  алатки како тешко ќебе, тежок елек и тешка перница на скут или рамена, се корисни кога се користат превентивно или во кризни состојби кај деца, адолесценти, возрасни и луѓето во зрела доба. Терапевтските помагала ја намалуваат анксиозноста и влијаат така што го смируваат нервниот систем и мускулите на телото.

Сите производи се направени од памучни материјали и се полнети со ситни стаклени кристали што ги прават производите хипоалергени, меки и пријатни за користење.

Секој од производите е подложен на машинско перење.

Нудиме можност да проверите зошто овие терапевтски помагала се толку продуктивни и имаат таква смирувачка моќ.

Како до нарачка?

Нашиот сајт не нуди КЛИКНИ-НАРАЧАЈ опција бидејќи изработката на Хаги производите е во склад со вашите преференции или конкретни потреби. Затоа Ве очекуваме да нe контактирате на телефон или преку порака за заедно да го создадеме вашето Хаги.