Што се терапевтски ќебиња
Терапевтските или тешки ќебиња (weighted blankets) придонесуваат за намалување на стресот и анксиозноста и овозможуваат полесно заспивање. Нежниот притисок го стимулира мозокот да произведува серотонин, „хормон за среќа“, кој во темнината постепено се трансформира во мелатонин, хормонот кој е одговорен за регулација на спиењето.
Ниското ниво на серотонин е еден од факторите кои предизвикуваат депресија, анксиозност, агресивност и компулсивно однесување. Постојат истражувања кои покажуваат дека имаат различни бенефити, едно од нив е истражувањето во кое е утврдено дека го подобрува квалитетот и должината на сонот кај лица кои страдаат од несоница.
ИМАМЕ ГОЛЕМ ИЗБОР НА ДЕЗЕНИ!
Тешките ќебиња овозможуваат стимулација на две сетила:
Проприоцептивното и тактилното. Комбинацијата од овие две е нарачена “стимулација при длабок притисок” која има смирувачки ефект.
Специјалните едукатори и рехабилитатори или сензорните едукатори кои работат во сензорните соби, ги користат терпаветските ќебиња како алатки за смирување и опуштање, но преку различни активности и игри, тешкото ќебе може да послужи и за активирање на повеќе сетила .
Прилогодете го ќебето според вашите потреби
Тежината на ќебето треба да е околу 10% од вашата телесна тежина. Изборот на дезен го правите вие. Изработени се од природни материјали. Прекривката е 100% памук. Полнети се со хипоалергени ситни стаклени топчиња и слојот кој придонесува топлина – ваталин.
Димензии на детското ќебе | 120cm x 150cm
Димензии за ќебињата за возрасни | 150cm x 200cm
За кого се наменти?
-
Стрес и анксиозност
-
Проблеми со спиењето или несоница
-
Хронични болки
-
Паркинсова болест
-
Алцхајмерова болест
-
Луѓе во зрело доба (над 65 години)
-
Аутистичен спектар
-
АДХД
-
Сензорна дисфункција