Идеални терапевтски помагала за секојдневен спокој
Создаваме терапевтски помагала кои го подобруваат секојдневното функционирање на луѓето постигнувајќи го ефектот на „стимулација на допир од длабок притисок”. Докажано е дека терапевтските алатки како тешко ќебе, тежок елек и тешка перница на скут или рамена, се корисни кога се користат превентивно или во кризни состојби кај деца, адолесценти, возрасни и луѓето во зрела доба. Терапевтските помагала ја намалуваат анксиозноста и влијаат така што го смируваат нервниот систем и мускулите на телото.
ИМАМЕ ГОЛЕМ ИЗБОР НА ДЕЗЕНИ!

Што се терапевтски ќебиња
Терапевтските или тешки ќебиња (weighted blankets) придонесуваат за намалување на стресот и анксиозноста и овозможуваат полесно заспивање. Нежниот притисок го стимулира мозокот да произведува серотонин, „хормон за среќа“, кој во темнината постепено се трансформира во мелатонин, хормонот кој е одговорен за регулација на спиењето.
Ниското ниво на серотонин е еден од факторите кои предизвикуваат депресија, анксиозност, агресивност и компулсивно однесување. Постојат истражувања кои покажуваат дека имаат различни бенефити, едно од нив е истражувањето во кое е утврдено дека го подобрува квалитетот и должината на сонот кај лица кои страдаат од несоница.
Специјалните едукатори и рехабилитатори ги користат терпаветските алатки за подобрување на перфомансите на деца и млади возрасни со тоа што носејќи ги тешките елеци значително се зголемува фокусираноста и смиреноста. Тие ги препорачуваат терапевтските ќебиња на сите кои некогаш помислиле дека им треба силна и долга прегратка за полесно да заспијат
Што има поважно од квалитетен сон и будење свежи и наспани?!

Прилогодете го ќебето според вашите потреби
Тежината на ќебето треба да е околу 10% од вашата телесна тежина. Изборот на дезен го правите вие. Изработени се од природни материјали. Прекривката е 100% памук. Полнети се со хипоалергени ситни стаклени топчиња и слојот кој придонесува топлина – ваталин.
Димензии на детското ќебе | 120cm x 150cm
Димензии за ќебињата за возрасни | 150cm x 200cm

За кого се наменти?
-
Стрес и анксиозност
-
Проблеми со спиењето или несоница
-
Хронични болки
-
Паркинсова болест
-
Алцхајмерова болест
-
Луѓе во зрело доба (над 65 години)
-
Аутистичен спектар
-
АДХД
-
Сензорна дисфункција
За сите на кои им недостига прегратка во текот на ноќта.

