Тешка перница
Тешката перница за во скут е дизајнирана да овозможи длабок притисок на горниот дел од нозете во седечка позиција. Обезбедува стимулација од длабок притисок за смирување и придонесува за намалувања на претераните движења со раце.
Одбравме минки материјал- мек плишан материјал со истакнати точки кој дополнително прави тактилна стимулација.
Оваа сензорна алатка е многу користена во училниците или при третмани од страна на логопед, специјален едукатор и рехабилитатор или друго стручно лице.
Големината и тежината ја прави многу практична и безбедна за користење, лесно пренослива и може секаде да ја понесете со вас, дали ќе се користи во домашни услови за време на јадење, читање, пишување можеби во автомобил на подолго патување или на посета на стоматолог… секаде каде што е потребна.