Тежок елек

 

Фокусот/вниманието се од пресудно значење на училиште, но и кога се учат нови вештини во домот, кога се доживуваат нови искуства во автомобил, стоматолог, на гости и останати предизвикувачки ситуации.

Неколку бенефиции кои се забележани при користење на елекот од страна на терапевтите се:

 

– го зголемува фокусот и вниманието

– го зголемува времето на седење при некоја активност

– ги намалува себе-стимулирачките однесувања (мавтање со раце или сл)

– ја намалува хиперактивноста и анксиозноста

– помага при себе-регулација

– го редуцира внесот на сензорни информации

– ја зголемува свеста за себе

 

Се препорачува да се носи 20-40 минути за време на одредена активност.

Тежината треба да е 5-10% од телесната тежина. 

Одбравме материјали кои се меки и пријатни на допир. Надворешната страна е материјал наречен акриличен дралон ( акрлините влакна се синтетички влакна кои по својот состав наликуваат на волна) кој тешко пропушта вода, има УВ заштита и е eco friendly. Внатрешната страна е од 100% памук.