Како може терапевтското ќебе да го подобри вашето ментално здравје?


Ако не сте слушнале за терапевтските ќебиња до сега и нивната двојна намена, можеби сте скептични. Можеби размислувате, „Во ред, но како може едно ќебе да ми ги олесни симптомите?“

Без разлика дали живеете со несоница, сензорната дисфункција, аутизам, вознемиреност, фибромијалгија или друга хронична состојба, користењето на тешко ќебе може да обезбеди придобивки што можат да го променат животот и кои овозможуваат да бидете пофункционални и да ги ублажат симптомите.

Чекорите во продолжение ќе ви помогнат како да го одберете ќебето и како може истото да ви помогне.

ЧЕКОР 1: Изберете ја вашата тежина на ќебето

Се препорачува ќебето да биде 10% од телесната тежина. Доколку сте нови во “терапијата со тежина” може да започнете со помала тежина, некоја помеѓу 7–9% од вашата телесна тежина па постепено да ја зголемите до 10%.

табела .png

Табела со категории за тежина и димензии

Ако знаете дека ќе се чувствувате поудобно со поголема тежина, без да се чувствувате задушено или ограничено, можете да додадете килограм или два на вашата тежина на ќебето.

* Дечињата под две години и луѓето кои не можат сами да го тргнат/симнат ќебето од своето тело не треба да ги користат тешките ќебиња од безбедносни причини.

Важно е да се напомене дека терапевтските ќебиња се дизајнирани да одговараат на вашето тело, а не на креветот.

Ова е причината зошто назначивме неколку димензии кои би одговарале на речиси секој возрасен и со отворена можност за прилагодување.

Исто важно е дека наменето е да го користи едно лице за да се постигнат максималните ефекти.

ЧЕКОР 2: Правење избор НА ПРИМЕНАТА за користење

Постојат неколку начини да го користите терапевтско ќебе. Без разлика дали сакате да го користите редовно или само кога чувствувате потреба, има неколку размислувања што треба да ги имате предвид.

ОПЦИЈА 1: ТЕРАПЕВТСКА УПОТРЕБА

Во минатото овие ќебиња биле достапни само како помагала кои ги применувале окупационите терапевти или специјалните едукатари во нивната терапијата во комбинација со други техники согласно специфичните потреби (учење на животни вештини, логопедски третмани и сл). Но сега се достапни и за домашна употреба.

Сега можете да ги доживеете придобивките од терапијата со тежина со тешкото ќебето во удобноста на вашиот дом.

Кои видови нарушувања и состојби можат да имаат корист од терапијата со тежина? Еве само неколку од нив:

• Анксиозност

• Несоница

• Фибромијалгија

• Депресија

• Синдром на немирни нозе

• АДХД

• Стрес

• Аутизам / Аспергеров синдром

• Сензорна дисфункција

• ПТСР (Пост-трауматско стресно растројство)

*Дефиниција за фибромијалгија: Оваа состојба предизвикува хронична болка по целото тело. Оние кои страдаат од оваа болест се исто така чувствителни на болка и вкочанетост на мускулите.

Рамномерно распоредената тежина, овозможува да го допре целото тело и да му ја даде потребната сензација (притисок) за да може да знаете каде е вашето тело.

Дисрегулацијата на овој систем се јавува кога имате премногу или премалку сензација на кое било место од телото. Токму овој длабок притисок ви овозможува повторно да го почувствувате вашето тело.

Додека сте под ќебе, можете да вежбате и саморегулирање, за оние периоди кога не можете да легнете под ќебето. Додека легнувате, ментално фокусирајте се на секој дел од телото каде што можете да почувствувате притисок.

На пример, рамената, рацете, зглобовите, градите и така натаму, надолу по телото до нозете. Бидејќи станувате свесни за вашето тело под ќебето, ќе биде полесно да бидете свесни за вашето тело додека не сте.

ОПЦИЈА 2: СЕКОЈДНЕВНА употреба

Бидејќи терапевтското ќебе е нефармаколошко и не може да има несакани последици од неговото користење, можете да го користите во секое време кога ви треба. Може да биде краткорочно решение за акутен проблем (како што се болка или нарушување на расположението кое наликува на депресија).

Секој доживува тага и осаменост во одреден момент од својот живот. Секако терапијата со длабок притисок не може да се спореди или да направи да се чувствувате како кога ќе добиете стручна помош од терапевт или фармаколошка терпија, но би можело да направи да се чувствувате посмирено во даден момент и да ви обезбеди поквалитетен сон.

Во комбинација терпијата со длабок притисок со чаша чај и добра книга, сепак е доволна да се лачи допамин („хормон за задоволство“), серотонин („среќен“ хормон) и окситоцин („љубовен“ хормон) ) што му даваат поттик на вашиот мозок.

Исто така, работи на намалување на нивото на кортизолот („стрес“ хормонот), овозможувајќи да се опуштите и да не се чувствувате вознемирено.

ДОЛЖИНА НА ТРЕТМАН

Доколку имате потреба да се навикнете на самиот притисок, можеби за почеток е добро да започнете со примена од неколку часа, пред да почнете да го користите во текот на целата ноќ. Може да го користите во текот на денот кога имате потреба, без разлика дали сакате да се релаксирате или ви е потребна концентрација додека работите на компјутер.

Кога ќе почувствувате дека не ја доживувате тежината врз вашето тело како порано, односно сте навикнале на тежината, тогаш можете една недела да се вратите на старата прекривка и потоа да го вратите повторно тешкото ќебе во употреба. Во тој случај ќе ја приметите разликата и ќе ги доживеете бенефитите одново.