За време на 24-часовен период, секој од нас произведува хормони кои контролираат кога ќе заспиеме и кога ќе се разбудиме. Овој циклус е контролиран од хормон наречен мелатонин. Произведен во пинелната жлезда во мозокот, овој хормон е одговорен за внатрешниот часовник на нашето тело. Во вечерните часови кога сонцето почнува да заоѓа, производството на мелатонин природно се крева. Продолжува да расте во текот на ноќта и потоа полека да се намалува кога повторно ќе изгрее сонцето.

Затоа изложувањето на светлина како од телефон, телевизор, комјутер па дури и ламба не е препорачлива еден час пред заспивање бидејќи може да го наруши сонот.

Мелатонинот не е единствениот хормон што се менува со нашиот распоред за спиење и будење. Кортизолот е природен хормон одговорен за стресот, кој исто така игра улога во нашиот внатрешен часовник. Нивото на кортизол се менува во спротивен циклус од мелатонинот. Производството се зголемува во текот на денот и се намалува пред спиење.

Меѓутоа, ако сме под стрес, нивото на кортизол останува високо и производството на мелатонинот не може да започне да се зголемува се додека тоа ниво повторно не се намали. Кога овие два хормона стануваат несинхронизирани, се нарушува регуларниот распоред за спиење.

Терапијата со длабок притисок го зголемува производството на мелатонин и го намалува нивото на кортизол. На тој начин се регулира производството на овие хормони и тоа придонесува за побрзо и полесно заспивање.

SITN_Kuehn_cover_draft_3.jpg

Покрај полесното заспивање, длабокиот притисок успева да го подобри расположението.

Истражувачите откриле дека терапијата со длабок притисок го зголемила серотонинот за 28% и допаминот за 31%. Овие „среќни хормони“ имаат директен и позитивен ефект врз расположението и однесувањето.