Стимулацијата од длабок притисок (ДПС) е цврстo, но нежно притискање, како прегратки или држење за раце кои го опуштаат нервниот систем. Овој притисок може да се примени со рацете, специјални алатки за масажа или производи што можете да ги носите или да ги завиткате околу себе за да го обезбедат притисокот.

Image for post

Направена како што треба, оваа терапија предизвикува верижна реакција во телото со што се постигнува целокупно чувство на смиреност и сталоженост.

Низ нашите сетила постојано влегуваат информации од нашето опкружување. Вашата шолја кафе може да биде премногу жешка за допирање. Вашите соседи гледаат ТВ гласно и звукот стигнува до кај вас. Вибрациите на телефонот во џебот ве известуваат за дојдовната порака/повик.

Нашиот мозок го зема овој сензорен влез на информациии и го филтрира по важност.

Стимулацијата од длабок притисок е тактилен влез во која било форма на притисок кој е подеднакво извршен низ телото. Терапијата со длабок притисок може да се направи преку цврсти прегратки, стискање или пливање.

Наспроти она што го научивме во училиште, телото всушност користи 7 сетила за да го интерпретира светот околу нас. Покрај оригиналните 5 сетила (визуелно, мирис, допир, вкус и аудитивно), имаме и чувство за движење (вестибуларно), и чувство за свесност на телото (пропорцепција).

Терапија со длабок притисок е форма на пропроцепција. Додадената тежина врши притисок врз зглобовите и мускулите, давајќи му на вашиот мозок подобро чувство каде е вашето тело во однос на просторот.

Image for post

Машина за гушкање — создадена од Д-рТемпл Грандин

Image for post

Справа која се користи за сензорна стимулација преку длабок притисок

КОЈ МОЖЕ ДА ИМА БЕНЕФИТ ОД ВАКОВ ТИП НА ТЕРАПИЈА?

Возрасните и децата исто така можат да имаат корист од ефектите на терапијата со длабок притисок, особено на оние кои се дијагностицирани со следново:

• Анксиозност

• Депресија

  • Несоница
  • Аутистичен спектар

• Пост-трауматско нарушување (ПТСД)

• Нарушување или недостаток на внимание (АДХД)

• Нарушување на сензорната обработка на информации(СПД)

• Синдром на немирни нозе

Секојдневните алатки за терапија со длабок притисок ги вклучуваат :

Прегратките

Размислете за последен пат кога добивте силна прегратка од некој близок. Како се чувствувавте? Следниот пат кога сте на работ на напад на паника, побарајте прегратка. Истата работа важи и кога вашето дете со СПД се чувствува претерано стимулирано.

Масажата

Откако физиотерапевтот ќе започне да применува притисок, вашиот допамин и серотонин се зголемуваат, а нивото на кортизол започнува да се намалува.

Тешките ќебиња

Тешките ќебиња рамномерно распоредуваат притисок низ нашето тело. Тешките ќебиња може да се користат во секое време од денот. Оние што страдаат од вознемиреност, депресија, ПТСН и СПД, овие ќебиња ќе им бидат од корист. За децата со аутизам, кои не можат да толерираат физички допир,и за тие што сакаат повеќе стимулација,овие ќебиња се одлична алатка.