Станува збор за обичен елек кој се носи над алишта но има вградена тежина. Со својата тежина обезбедува длабока стимулација на проприоцептивниот систем, која смирува, го зголемува вниманието и свесноста за себе.

Се препорачуваат на деца од аутистичен спектар, АДХД и на сите кои имаат потешкотии при сензорната обработка на информации или саморегулација.

Во истражување објавено од American Journal of Occupational Therapy се покажало дека перформансата на одредена задача со фина моторика била подобра до 25% носејќи го елекот. Дополнително, се утврдило дека децата покажувале подобри резултати на тестовите носејќи го елекот.

 Неколку бенефиции кои се забележани при користење на елекот од страна на терапевти и родители:

  1. Го зголемува фокусот/вниманието
  2. Го зголемува времето на седење при некоја активност
  3. Ги намалува себе-стимулирачките однесувања ( мафтање со раце или сл)
  4. Има смирувачки ефект и ја подобрува организираноста
  5. Ја намалува хиперактивноста
  6. Ја намалува анксиозноста
  7. Помага при себе-регулација
  8. Го редуцира внесот на сензорни информации
  9. Ја зголемува свеста за себе

Начин на користење

  • Се препорачува да се носи 20-40 минути за време на одредена активност. По пауза од 60 минути може да се користи повторно.
  • Тежината треба да е 5-10% од телесната тежина на детето.
  • Може да се користи на училиште, додека јадат, за време на пишување домашна или друга активност за која е потребно внимание, на третмани кај логопед, специјален едукатор. Во ситуации кои се предизвикувачки за нив односно знаат да ги вознемират (а се бара од нив смиреност).

Доколку не сте сигурни дали му е потребно на вашето дете, најдобро, пред употреба да се консултирате со стручни лица кои се запознаени со развојот на вашето дете.

Состав

Надворешната страна е направена од материјал наречен акриличен дралон (од акрилни влакна кои се синтетички и по својот состав наликуваат на волна) тешко пропушта вода, има УВ заштита и е eco friendly (два дезена на располагање). Внатрешната страна е од 100% памук ( неколку бои на располагање).

Големината се одредува според висината на детето.