Кога сме под стрес, нашето срце може да чука премногу брзо. Кога се соочувате со вакво срцебиење, може да се обидете сами да го намалите пулсот и да почувствувате целосна смиреност, и тоа преку:
- 4х4 коцка 4 секунди вдишувате,4 задржувате, 4 издишувате па 4 задржувате па повторно одново.
- Дишење преку стомак.Поставете ги рацете на стомак и вдишете 4 секунди преку стомак и издишете преку уста 8 секунди
- Свесност за телото. Легнете на грб. Насочете го вниманието кон прстите на нозете, вдишете и издишете потоа продолжете кон петите повторете, долго вдишување долго издишување така нагоре се додека стигнете до темето на главата.
- Ослободување тензија. Легнете удобно. Вдишете и згрчете одреден дел од телото, држете неколку секунди и како што издишувате ослободете. Повторете го тоа неколку пати со исти или различни делови од телото.
Длабокиот притисок што се добива при масажа, гушкање или покривање со тешко ќебе, овозможува активирање на парасимпатичкиот нервен систем кој го намалува високиот пулс. Понискиот пулс води до целокупно чувство на смиреност. Стимулацијата при длабок притисок ја намалува алармантната симпатетичката активност “бори се или бегај” и го намалува нивото на кортизол, хормонот кој игра клучна улога кај тие што редовно искусуваат стрес, анксиозност. (тука припаѓаат и деменцијата и аутизамот).
Иако е добро секој вечер да си легнуваме во исто време, кога се соочуваме со стрес, пред спиење мозокот знае да работи триста на час/многу брзо, да ве преплавуваат неубави мисли и ако е така не легнувајте веднаш. Може да почекате, се додека не се почувствувате уморни или да преземете нешто во врска со нив.
1. Да ги запишете на лист. Дали би било to-do листа, идеи, планови, грижи едноставно ослободете ги на хартија.
2. Одвоите време од-до за грижење. Вклучете тајмер за да ви го мери времето и во тоа време изнагрижете се 😊
3. Може да се запрашате: која ќе ми биде следната мисла? Да обрнете внимание на мислите и да приметите како ги освестуваме, така се намалуваат.
4. Кажувајте ги грижите на глас. Или уште подобро, почнете со кажување на азбуката па по неколку букви кажете некоја грижа. Обидете се па ќе видите што ќе се случи 😊
Recent Comments