Покрај нашите 5 сетила за кои сите знаеме, постојат уште 2 или 4 други сетила (зависно во која литература гледате).
6 и 7мо се вестибуларното и проприоцептивното сетило.
Да не ве оставиме во прашалници, другите две сетила се:
Термоцепција: Чувство за температура, вклучувајќи ја и способноста да се детектираат разликите во температурата помеѓу предметите и нашето тело.
Ноцицепција: Чувството на болка, вклучително и способноста за откривање и одговор на потенцијално штетни/опасни стимули.
Ние сакаме да зборуваме за сетилото- проприоцепција и како нашите Хаги тешки производи помагаат при нарушување на ова сетило!
Проприоцепцијата е способноста да го чувствуваме телото и да бидеме свесни за својата позиција, движење и ориентација во просторот без да се ослонуваме на сетилото за вид. Тој е нашиот GPS систем кој ни помага да се навигираме во својата околина и да ги координираме своите движења.
Некои деца, исто и возрасни, можат да имаат предизвици со проприоцептивното сетило, што може да се одрази на нивната координација и моторно планирање, со што претставува предизвик во изршување на секојдневните задачи како одење, стоење или посегнување по предмети.
Неколку примери/однесувања кои може да укажуваат на проприоцептивната дисфункција се:
- Недостиг на свесност за својата телесна позиција и ориентација во просторот.
- Тешкотии во координацијата на движењето или лоша рамнотежа (сопнување, придржување при симнување/качување скали, “млитаво” седење односно потпирање или легнување со главата на маса).
- Сензорни проблеми, како што се претерана чувствителност на допир / слаба чувствителност на допир или потреба за силна сензорна стимулација.
- Потешкотија со себе-регулирање, тешко им е да ги контролираат своите емоции и однесување, што некогаш им прави проблем да останат смирени и фокусирани во различни средини/околности.
- Потешкотија со фината моторика односно со пишувањето, цртањето и манипулирање со ситни предмети.
Од тука, може да се поделат во две категории:
Хипопроприоцепција (хипосензитивни): Ова се однесува на намалена чувствителност на проприоцептивни информации. Децата со хипопроприоцепција може да имаат потешкотии да разберат каде е нивното тело во просторот, да ги координираат движењата и да одржуваат рамнотежа. Тие исто така може да имаат потешкотии со фини моторни задачи, како што се пишување или манипулирање со мали предмети.
Децата што постојано бараат сетилни дразби, тоа се деца кои:
- Уживаат во вртење, лулање, скокање, трчање
- Сакаат јадења со силни вкусови
Сакаат да се качуваат или удираат од предмети, да се притискаат (помеѓу перници или тесни површини) бараат гушкање.
Хипер-проприоцепција (хиперсензитивни): Ова се однесува на зголемена чувствителност на проприоцептивни информации. Децата со хиперпроприоцепција може да бидат премногу чувствителни на допир, притисок и движење и може лесно да бидат преплавени од сензорни дразби. Тие, исто така, може да имаат потешкотии со задачите што бараат од нив да бидат во непосредна близина на други деца/луѓе, како што се стоење во ред или учество во тимски спортови.
Децата кои одбегнуваат сетилни дразби се тие кои:
- Ги затвараат ушите, се вознемируваат од силни звуци и силна светлина
- Прибирливи се во текстурата на храна и облека
- Лесно надразливи и анксиозни во средина со многу луѓе.
Но, важно е да се напомене, децата може да имаат комбинирани однесувања односно да не припаѓаат само во една категорија. Секој сензорен профил и нервен систем е различен, затоа, треба да се консултирате со стручно лице во областа на сензорната интеграција да ви помогне со креирање сензорен профил и ви даде насоки за интервенција.
Recent Comments