Дизајнот на Huggy поттикна една приказна за визуелната стимулација и перцепција
Huggy располага со широка палета на различни дезени на тешки ќебиња. Различните дезени преку сетилото за вид ја поттикнуваат визуелната стимулација и перцепција во телото. Визуелната стимулација е од особена важност за добивање информации од непосредната околина а разбирањето на добиените информации ни го овозможува процесот на визуелна перцепција.
Очите се органи од кои добиваме можеби најголем дел од информациите од непосредната околина. Преку овие органи добиваме голем број на информации за околината вклучувајќи го контрастот помеѓу темно и светло, боја и движење. Главната функција и намена на очите во човечкиот организам и воопшто кај ‘рбетниците е прием на дразбите на светлината, нивно проследување и процесирање до мозокот, по што се создава слика.
Примарна функција на сетилото за вид е да детектира визуелни слики, а како резултат на тоа луѓето имаат можност да согледуваат форми во околината, сличности и разлики помеѓу предметите, големини и позиции во просторот. Информациите од добиените слики се меморираат во мозокот и на тој начин се создаваат т.н ментални слики. Менталните слики се од особена важност за изведување на одредено движење на телото, моторно планирање, моторна имитација, око-рака координација и воопшто на севкупниот развој на сите развојни области.
Малите деца ја истражуваат околината преку сетилото за вид и формираат ментални слики за изгледот на предметите во околината. Учат да го фокусираат погледот на деловите од предметите кои се од интерес а сите останати визуелни информации да ги блокираат.
Децата кои имаат одредени потешкотии во визуелната перцепција, можеби имаат добар вид но ја немаат способност соодветно да одговорат на визуелната информација која ја примаат.
Имаат потешкотии во одделување на делови од една целина, диференцијација на слични предмети, идентификација на позициите во просторот, препознавање на букви и бројки, потешкотии во латерализација.
Вашето дете има потешкотии во визуелната перцепција доколку:
- Ги покрива очите со раце со цел да ја избегне светлината
- Се чувствува неудобно кога од него ќе се побара да издвои еден предмет од група
- Неможе да го фокусира вниманието на дадената задача
- Се останато е поинтересно во околината
- Има потешкотии во редење сложувалки (за разлика од врсниците)
- Нема добра просторна ориентација иако оди на познати места
- Има потешкотии на училиште при препишување од таблата кога на неа се напишани повеќе информации
- Многу често се загледува во луѓе и предмети
- Има потешкотии при качување/симнување по скали
- Не забележуваат кога други луѓе ќе влезат во собата
- Има потешкотии во боење во ограничен проостор
Дел од овие знаци можат да бидат поврзани и со потешкотии и неправилности во целокупниот развој на децата. Се со цел утврдување на потешкотиите најсоодветно е да побарате совет од стручни лица.
Автор: Катерина Величковска – Специјален едукатор и рехабилитатор
Recent Comments