Квалитетниот сон е од суштинско значење во детството, но истражувањата покажуваат дека дури 20 до 30% од бебињата и малите деца имаат проблеми со спиењето. Ако сте родител на детенце “незаспивач”, од прва рака знаете колку е фрустрирачко да го гледате вашето малечко како се бори да заспие.

Еден од најлесните начини да го подготвите вашето дете за добар сон е да креирате рутина пред спиење. Добрата вест е дека потребни се само неколку ноќи на следење на рутината пред спиење за да се видат подобрувања во сонот на вашето дете.

Што е рутина пред спиење и кои се придобивките?

Рутините пред спиење се конзистентен, повторувачки збир на активности кои се изведуваат пред спиење секоја вечер. Тие помагаат да се подготви вашето дете за спиење така што ќе го опуштат и ќе го смират. Предвидливата рутина, исто така, му дава на вашето дете чувство на сигурност и го учи како самостојно да заспие.

Истражувањата покажуваат дека децата кои ги следат рутините пред спиење имаат поголема веројатност да заспијат порано, потребно им е помалку време за да заспијат, спијат подолго и помалку  се будат во текот на ноќта. Овие придобивки за квалитетот на сонот сè уште се гледаат години подоцна кај децата кои ги следеле рутините пред спиење кога биле помлади.

Освен што го подобруваат сонот, рутините пред спиење го учат вашето дете да се грижи за себе а имаат влијание и врз когнитивните процеси, вниманието и меморијата. Тие, исто така, ја зајакнуваат врската родител-дете и може да помогнат во подобрувањето на расположението на детото, регулирање на нивото на стрес и однесувањето.

Долгорочно, овие придобивки се претвораат во подобра подготвеност за училиште, како и подобри академски перформанси и социјални вештини.

Поставувањето рутина пред спиење од самиот почеток со вашето бебе го олеснува одржувањето на здравите навики додека вашето дете расте.

Како да изградите рутина пред спиење за деца

Рутината пред спиење за децата обично се состои од три или четири активности, на пример, ужина, миење заби, облекување пижами и читање книга. Тие секогаш треба да се прават по истиот редослед. За да ја направите рутината уште поефикасна, почнете на време со подготовки односно со затемнување на просторијата и гасење на уредите со сина светлина.

Типичните активности пред спиење за кои се покажа дека имаат корисни ефекти врз спиењето вклучуваат:

  • Хранлива ужина или шише/доење
  • Бањање или менување на пелена
  • Миење заби и одење во тоалет
  • Да читате книга
  • Приспивна песна или пеење песна заедно
  • Масажа, гушкање и лулкање
  • Зборувајќи за нивниот ден

Рутината пред спиење треба да се заокружи со бакнеж за добра ноќ и исклучување на светлата. Треба да ја напуштите собата додека вашето дете е поспано, но сè уште не спие. На овој начин тие учат сами да заспиваат и нема да паничат ако се разбудат среде ноќ и сфатат дека ве нема. Поставете конзистентно време за спиење што му остава доволно време на вашето дете да спие толку колку што е препорачано часови за нивната возраст.

Што е пожелно ДА ПРАВИТЕ и што да ОДБЕГНУВАТЕ пред спиење

Одредени активности се контрапродуктивни за спиење и може да предизвикаат вашето дете да формира нездрави навики. Се разбира, секое дете е различно и можеби ќе ви бидат потребни неколку обиди и грешки за да откриете што функционира најдобро за вашето семејство. Меѓутоа, кога ја подготвувате рутината за спиење на вашето дете, обидете се да се придржувате до следниве препораки:

Правете:

Правете го тоа секој ден: Ноќната рутина за деца треба да се состои од исти чекори секоја вечер, или колку што е можно повеќе ноќи. За уште поголем ефект, важно е и двајцата родители да учествуваат во рутината пред спиење доколку е можно.

Нека биде кратка и слатка: за повеќето деца, рутината пред спиење треба да трае околу половина час или малку подолго ако има вклучено и бањање. Продолжувањето на рутината може да го одложи времето за спиење и да го отежне спроведувањето во деновите кога немате време.

Продолжете така во текот на денот: следењето на рутината во текот на денот, вклучително и поставувањето јасни граници, доведува до зголемено времетраење на спиењето кај малите деца. Многу вежбање, сончева светлина и време на отворено во текот на денот исто така може да им помогне да спијат подобро ноќе.

Слушајте го вашето дете: Иако вие сте на крајот главни, не е лошо да му оставите малку слобода на вашето дете. Ако дел од рутината пред спиење не функционира за вашето дете, слушајте ги неговите потреби и приспособете ја рутината доколку е потребно.

Следете ги правилата за хигиена на спиење: чувајте ја спалната соба темна, ладна и тивка за да го потикнете спиењето. Ако вашето дете се плаши од темнината, можете да користите пригушена светлина. Дури и по спиењето, нивоата на бучава во останатиот дел од куќата може да ги задржат малите деца будни, затоа обидете се да преминете на потивки активности откако ќе ги легнете.

Направете постепени промени: Обидете се да не внесувате повеќе од една промена истовремено во рутината пред спиење и размислете да ги одложите ако има други промени, како што се преселување или започнување на училиште. Бидејќи потребите за спиење на вашето дете се менуваат, менувајте го времето за спиење со чекори од 15 минути секоја вечер.

Одбегнувајте:

Да започнете кога веќе се поспани: Преуморните деца можат да бидат хиперактивни или намќорести и ќе им биде уште потешко да заспијат, затоа обидете се да ја започнете рутината пред да почнат да зеваат.

Користење екрани: Сината светлина од телевизијата и другите електронски уреди има сериозни последици за спиењето ако се користи премногу блиску до спиење.

Да трчаат наоколу: Вашето дете треба да има многу можности да се истрча и умори во текот на денот, но не дозволувајте да се активира и стимулира навечер.

Засладени закуски или кофеин: Обидете се да ги одржувате вечерните закуски лесни и здрави. Кофеинот ќе ги држи децата будни, а засладените задоволства пред спиење може да доведат до кариес. Житарките за појадок, чоколадото и пудингот можат да бидат извори на кофеин што можеби не ги очекувате. Ако вашето бебе се храни со шише, тргнете го шишето пред да заспие.

Читање страшни приказни пред спиење: Избегнувајте страшни приказни и други ментално или физички стимулирачки активности пред спиење.

Да спијат подолго за време на викендите: примамливо е да се надополни сонот во деновите што не се училишни денови, но оддалечувањето повеќе од еден час од вообичаеното време за будење всушност може да предизвика проблеми со заспивањето во работните денови.

Совети пред спиење за мали деца, деца и тинејџери

Природно е да ги прилагодувате рутините пред спиење додека вашето дете расте.

Во раното детство, многу мали деца се зафатени од маките на анксиозноста од разделување. Ова е добро време да воведете плишано животно или удобно (тешко) ќебенце за сигурност кога ќе ја напуштите собата.

Малите деца, исто така, ќе се обидат да ја потврдат својата новопронајдена независност со глумење или отпорност на спиење. Нивното саботирање може да го уважите со тоа што ќе им дозволите да донесат некои свои одлуки, како што се кои пижами да ги носат или која книга да ја читаат. Можеби ќе треба да вложите малку креативност за да ја направите рутината пред спиење позабавна. Кога е време за гаснење на светлата, спокојно и цврсто кажете им добра ноќ и напуштете ја собата.

Штом децата ќе стигнат до училишна возраст, тие се подготвени да преземат поголема одговорност. Охрабрете ги да земат активно учество во рутината пред спиење со четкање на забите и средување на спалната соба пред спиење.

Тинејџерите имаат подобра идеја за тоа што им треба на нивните тела, па можете да им дадете поголема слобода за тоа како се подготвуваат за спиење. Како што веќе напоменавме, важно е за време на викендите да го задржат истиот циклус на спиење за да немаат потешктотија  кога ќе дојде понеделник наутро.